Најдете идеално патување
STDL, Ultimate All Inclusive, 7 дена

Поаѓање
06.05.2018
Skopje 03:05 - Antalya 06:00

Враќање
12.05.2018
Antalya 23:55 - Skopje 02:20


Вклучени во вашата цена

Багаж - 23 кг
24ч корисничка услуга
Трансфер од/до аеродром
Аеродромски такси

Вкупната цена беше: 917 €
Денеска заштедувате -124 €
Цена по лице од 396 €
Вкупна цена 793 €

Add To Wishlist
Crystal Aura Beach Resort & Spa
Турција Кемер
Хотел
Локација
Хотелот е лоциран во центарот за Кемер, на 55км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 501 во два главни блока и 9 Апарт блокови. Стандардни соби (24 м², макс.2+1 лица) стандардни соби со кревети на спрат (24 м², макс.2+2 лица) - една соба со брачен кревет и кревети на спрат, Фамилијарни соби со кревети на спрат, поглед копно (38 м², макс.4+1 лица) - две спални одвоени со врата, една бања. Јуниор terrace соби (24 м²,макс.2 лица) - една спална, една бања, голема тераса, Фамилијарни соби со кревети на спрат (38 м², макс.4+1 лица) – брачен кревет во едната спална, во втората спална кревети на спрат или високи душеци, една бања. Сите соби се со бања со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода и сокови, се дополнува секој ден), сеф, ламинат на подот, Wi-Fi интернет конектица, сателитска ТВ и музички канали, балкон. 

Ресторани и барови
Ultimate All Inclusive - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни оброци, колачи, чај и кафе, вечера и вечерни оброци, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во тек на престојот (не е дозволено за деца под 7 год). Специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, увозни пијалоци од 24.00-10.00 часот се наплатуваат. Главен ресторан Caretta-шведска маса, A’la Carte ресторани – Рибен, Турски и Италијански, барови на плажа, лоби бар, пекара. 

Активности
Хотелска плажа со камчиња, лежалки, чадори и пешкири се бесплатни. Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, мал фудбал, одбојка на плажа, гимнастика, пинг понг. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, SPA центар, масажа и билјард се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04 – 12 години. Доктор, сервис за перење и пеглање, продавници, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car се наплатуваат.