Најдете идеално патување
STDE, Ultra All Inclusive, 7 дена

Поаѓање
06.05.2018
Skopje 03:05 - Antalya 06:00

Враќање
12.05.2018
Antalya 23:55 - Skopje 02:20


Вклучени во вашата цена

Багаж - 23 кг
24ч корисничка услуга
Трансфер од/до аеродром
Аеродромски такси

Вкупната цена беше: 1,276 €
Денеска заштедувате -214 €
Цена по лице од 531 €
Вкупна цена 1,062 €

Add To Wishlist
Trendy Lara Hotel - Lara
Турција Лара
Хотел
Локација
Хотелот се наоѓа во Лара-Кунду регионот, на 15 км оддалеченост од аеродромот во Анталија и на 25 км од центарот на Анталија. 
Хотелска песочна и ситни камчиња плажа на 450 метри од хотелот, лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа не се наплатуваат. Бесплатен превоз со чамец по реката до плажа. 

Сместување
Вкупен број на соби 674 во три објекти и Вили. 
Стандардни соби (36м²; една спална, една бања, макс. 2+1 лица), 
Фамилијарни Суити (55 м²; две спални и две бањи, макс.4+1 лица), 
Гарден Суити: 26 (55 м²; една спална со голем простор за дневен престој, една бања, макс.2+2 лица), 
Вили (110 м²; една спална , една дневана соби, кујна со трпезарија, една бања, макс. 4 лица) и 7 соби за хендикепирани лица. 
Сите соби се со бања со када, туш кабина и фен, централна клима која работи соодветно со временски услови, телефон, простор за седење, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. Сите соби се за непушачи. 

Ресторани
Ultra All Inclusive - шведска маса за појадок, ручек, вечера, ноќна ужина, диетална храна, храна за деца, снек ресторани и ресторани на плажа во тек на денот. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалоци , слаткарница, сладолед во тек на денот, A‘la Carte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедени овошни и сокови од зеленчук, флаширани пијалоци, собна услуга. 

Содржини 
Главен ресторан-шведска маса, снек бар на плажа и покрај базен, барови низ целиот хотелски комплекс, A‘la Carte ресторани–Италијанска кујна, кујна од Далечниот Исток, Европска кујна, Грчка, Јапонска и Турска кујна и Стекхаус. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, шопинг центар дополнително се наплатуваат, WI-FI интернет со ниска брзина во Лобито и во соби е бесплатен. 
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базенот со морска вода во зимниот период ќе се затоплува, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пикадо. Масажа, Spa центарот, салон за убавина, осветлувањето за тениските терени, часови по тенис, рафтинг, школата за нуркање, билијард, водени спортови се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпреварувања покрај базен и на плажа , специјален тим за анимации, жива музика неколку дена во недела. Мини клуб за деца, специјален тим за анимации.