Најдете идеално патување
STDL, Ultra All Inclusive, 7 дена

Поаѓање
06.05.2018
Skopje 03:05 - Antalya 06:00

Враќање
12.05.2018
Antalya 23:55 - Skopje 02:20


Вклучени во вашата цена

Багаж - 23 кг
24ч корисничка услуга
Трансфер од/до аеродром
Аеродромски такси

Вкупната цена беше: 1,441 €
Денеска заштедувате -204 €
Цена по лице од 618 €
Вкупна цена 1,237 €

Add To Wishlist
Royal Seginus
Турција Лара
Хотел
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Лара-Кунду, на 17 км оддалеченост од центарот на Анталија и на 15 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 498. Супериор стандардни соби 349 (64м², една спална и бања, макс. 3+1 лица), Делукс суит соби 8 (170м²,хол на влезот, една спална и една дневна соба со врата помеѓу, две бањи, едната е со туш/WC, макс. 2+1 лице), Фамилијарен Дуплекс соби 80 (120м², приземје одвоени соби + бања со туш, горе на кат брачен кревет со бања со када, одвоени се врата, макс. 2+2 лица), Јуниор суит соби 8 (140м², една спална и една дневна соба, две бањи, макс.3+1 лице), Фамилијарни поврзани соби 48 (80м², хол на влезот, две спални со врата помеѓу, една бања, макс. 2+2 лица) и 5 соби за хендикепирани лица. Собите се со бања со туш кабини и фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, тепих на подот, балкон.

Ресторани и барови
Ultra All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, храна за деца, диетална храна, ужина, snack и рестораните на плажа во тек на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, слатки ,сладолед во тек на денот. А’la Cаrte ресторани со претходна резервација, Луксузните увозни пијалоци, свежо цедените сокови, специјалните вина, услуга во соба, домашни и увозни фалширани вина дополнително се наплатуваат. Главен ресторан со шведска маса, snack бар покрај базенот и на плажа, барови околу хотелскиот комплекс А’la Carte ресторани: Италијанска кујна, кујна од Далечниот исток, Мексиканска кујна, ресторан за морска храна, турски ресторан, суши ресторан, тапас ресторан.
  
Активности
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња, со лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа, не се наплатуваат. Павиљоните на плажа со претходна резервација се наплатуваат. Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со 8 лизгалки, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, игралишта за кошарка, пинг понг, одбојка на плажа, не се наплатуваат. Масажа, салон за убавина, Спа и Велнес центар, осветлување на тениските игралишта, куглање, билјард, сите водени спортови дополнително се наплатуваат. Забавни програми преку целиот ден, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, жива музика неколку пати во неделата. Мини клуб за деца и забавен парк за деца. Доктор, чување на деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, WI-FI со мала брзина бесплатен во лоби и собите, компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплатуваат.