MK | SQ

Аргентина

9 дена (6 ноќи) – со авион од Белград

Тргнување:25/10/2017
Враќање:   02/11/2017


Цена на пакетот за лице :749 €

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО:

1. ден(25.октомври 2017.)БЕЛГРАД–ФРАНКФУРТ–БУЕНОС АИРЕС
Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла” во 11.20 часот.Лет за Франкфурт(LH 1407)во 13.20 часот.Се слетува во Франкфурт во 15.20. Се продолжува со патувањето уенос Аирес(LH 510)во 21.55 часот.

2. ден(26.октомври 2017.)БУЕНОС АИРЕС

Се слетува во 06.50 часот по локално време во Буенос Аирес –главниот град на Аргентина,држава со долга традиција и историја.Како независна држава Аргентина постои од 1816.год,кога се отцепила од Шпанија.Трансфер до хотелот.Сместување во хотел.Слободен ден.Ноќевање.

3. ден(27.октомври 2017.)БУЕНОС АИРЕС.
Појадок.Разгледување на Буенос Аирес,град кој во 1880.год.е прогласен за главен град на Аргентина.Широки авении,старински кафеани,ултрамодерни згради,врвни ресторани и прекрасни резиденцијални квартови,го обележуваат овој интересен град.Avenida 9 de Julio е најшироката авенија на светот и е именувана по денот на независноста на Аргентина (9.јули 1816.)и е една од најшироките улици на светот(околу 110 метри).Има седум подвижни траки во секој смер,уште пет покрај улиците и неколку зелени површини.Квартот La Recoleta, популарно наречен "Париз во мало"е елитен стамбен кварт,познат по многуте споменици и на многуте палати и вили,особено на авенијата Alvear.Се истакнува и по хотелите и ниоќниот живот.Во овој кварт се и многу културни институции:Националниот Музеј,Националната Библиотека,Културниот центар Recoleta,Правниот,Медицинскиот,фармавцетскиот и биохемискиот
факултет.Квартот е познат и по познатите гробишта La Recoleta кои потекнуваат од 1822.год.и кои се една од атракциите на Буенос Аирес.Тука е гробното место на познатат Евита Перон.Слободно попладне.Ноќевање.

4. ден(28.октомври 2017.)БУЕНОС АИРЕС/МОНТЕВИДЕО
Појадок.Слободен ден или целодневен факултативен излет со брод за Монтевидео-главниот и најголем град на Република Уругвај.Од 1828.год,Уругвај станува независен и еден од најголемите јужноамерикански пристаништа.Градот е преубав,со разновидна архитектура,жив и атрактивен.најубавиот поглед се протега од ридот Серо,неколку километри од центарот.Таму е сместена тврдина која е претворена во воен музеј.Улиците во тој дел имаат имиња на држави,па една од нив се вика Југославија.Во 1930 год Монтевидео бил местото каде се одржувало Светското првенство на фудбал,каде српските фудбалери стасаа до полуфиналето,каде сведоци се фотографиите кои се наоѓаат во музејот на фудбалот во рамките на стадионот ‘Centenario’.разгледување на градот.Враќање во Буенос Аирес.Ноќевање.

5. ден(29.октомври 2017.)БУЕНОС АИРЕС.

Појадок.Се разгледува градот со пешачење и со градски превоз,на најубавите градски квартови на градот:уметничкиот кварт Telmo една од најстарите квартови на Буенос Аирес,боемскиот кварт со уметничку шарм,традиционални ресторани,клубови во живи бои.Квартот La Boca e кварт познат по разнобојните куќи и пешачката улица Caminito,која ги привлекува туристите со уличните танчери и продавниците на сувенири.Овде е и стадионот La Bombonera на фудбалскиот клуб Boca Juniors.Слободно попладне.Во вечерните часови факулативна посета на некој од многубројните клубови на танго шоу со префесионални изведувачи.Многу сметаат дека тангото настанало во Буенос Аирес и од таму почнал да го освојува светот.Долго не било прифатено тангото додека во 1920 год не било прифатено во високите кругови на Париз од кога почнало да се промовира по светот.По целиот град се слушаат звуците на тангото,особено во недела и по квартовите San Telmo i La Boca.Ноќевање.

6.ден(30.октомври 2017.)БУЕНОС АИРЕС/САН ИСИДОРО
Појадок.Слободен ден или можност за полудневен факултативен излет во Сан Исидоро.Сан Исидоро е место за одмор на аргентинската аристократијаи градот каде била изградена првата железничка пруга.Се продолжува до градчетоТигре,кое е едно од најатрактивните во околината на Буенос Аирес.Седиментите на реката Парана формираат острови и и даваат на водата посебна црвено-смеѓа боја.Во делтата се преплетуваат околу 350 потоци,реки,потоци и канали.Возење со бродче и разгледување на бројните островчиња и запознавање со начинот на живот на “islenosa”, луѓето кои живеат тука.Обиколка на пазарот на цвеќето и овоштието.Слободно попладне.Ноќевање.

7. ден(31.октомври 2017.)БУЕНОС АИРЕС/FIESTA GAUCA/.
Појадок.Слободен ден или полудневен факултативен излет за »Fiesta
Gauca«.Возење до типичната аргентинска фарма Santa Susana,која е автентична со Gaucosi –аргентински каубоји.Присуствување на фолклорна претстава,организиран »аргентински ручек«со домашни специјалитетиподготвени на самата фарма.После ручекот може да се ужива во претставата на гаучосите и нивните вештини со коњите.Враќање во Буенос Аирес.Ноќевање.

8. ден(1.ноември 2017.)БУЕНОС АИРЕС/ФРАНКФУРТ
Појадок.Собите треба да се напуштат до 10 часот.Слободно време за индивидуални активности до трансферот до аеродром.Лет за Франкфурт (LH 511)во 17.55 часот.

9.ден(2.ноември 2017.)ФРАНКФУРТ/БЕЛГРАД
Се слетува во франкфурт во 11.10 часот по локално време.Се продолжува патот за Белград(LH 1410)во 21.45.Се слетува во Белгард во 23.30 часот.

ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ ЗА ПАТУВАЊЕТО “БУЕНОС АИРЕС”:

ВО ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВКЛУЧЕНО:
-Авио превоз на релација Белград-Франкфурт-Буенс Аирес-Франкфурт-Белград,трансфери според програмата на патувањето,сместување во Буенос Аирес во хотел со 4*,во двокреветни соби на услуга 6 ноќевања со појадок(шведска маса ),разгледи според програмата ,услуга на водичот и трошоци за организација на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Аеродромски такси(639 евра),во Белград,Франкфурт и Буенос Аирес(подложни се на промени и се плаќаат при уплата на резервацијата),влезници за културно историските споменици,трошоците за градски превоз при разгледување на градовите,факултативни излети и патничко здравствено осигурување.

УСЛОВИ ПРИ ПЛАЌАЊЕТО:
Цената на патувањето е искажана во евра ,а се плаќа противвредност во денари 1Евро= 62 Мкд.

СМЕСТУВАЊЕ:
Хотел во Буенос Аирес од категорија на 4* ,како хотелот „562 Nogaro”
Агенцијата го задржува правото за замена на хотелот со сличнa категорија

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
-Целодневен излет со брод до Монтевидео –Цена - 299 евра
-Целодневен излет со автобус до Fiesta Gauca-Цена 149 евра
-Полудневен излет со автобус до San Isidoro- Цена 59 евра
-Посета на танго шоу во клуб –Цена 49 евра
За да се реализираат излетите потребно е минимум 20 пријавени патници

ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА ПАТУВАЊЕТО
-Потребен е минимум од 25 патници за реализација на патувањето

ОПШТИ НАПОМЕНИ

-Агенцијата го задржува правото при измена на цените на превозот,девизниот курс или недоволен број на пријавени патници и слично,да ја измени цената на патувањето или пак да го откаже патувањето, а најдоцна пет дена пред патувањето.
-Организаторот не ја сноси одговорноста за валидноста на патните исправи.Агенцијата не ја сноси одговорноста доколку пограничните власти им оневозможат на патниците влез на територијата каде патуваат.
- Се молат патниците грижливо да се грижат за своите пари,вредни работи и багаж.Организаторот не ја сноси одговорноста за нивно евентуално aисчезнување.

Буенос Аирес