MK | SQ

Kитен ,Бургас

Китен е современо просперитетно одморалиште во Бугарија,во  близина на Бургас и  еден час од Сончев Брег,во кој секој може да го најде своето место. Уникатната комбинација на море и планина, пространи плажи со разновидни атракции ќе го направат вашиот одмор незаборавен. Во одморалиштето има и минерален извор, кој се наоѓа во близина на плажа Атлиман. Водата доаѓа од длабочина од околу 700 метри. Заради чистото море, прекрасните шумски масиви, Китен веќе добил славата на еколошки чисто летувалиште.