MK | SQ

Crystal Sunset Luxury Resort & Spa - Side

Turkey - Side

Локација
Хотелот е отворен во 2013 год. и се наоѓа на оддалеченост од 10 км од Сиде и 60 км од меѓународниот аеродром во Анталија. 

Сместување
Хотелот располага со 300 стандардни соби, 217 фамилијарни соби (две одвоени спални соби), 48 junior апартмани, 12 king апартмани и 6 соби за лица со посебни потреби. Сите соби се опремени со балкон, ламинат, централен систем за климатизација, HD LCD телевизор со сателитски и музички канали, мини бар, сеф, директна телефонска линија, детектор за чад, фен.

Ресторани и барови
Во главниот ресторан гостите имаат можност да пробаат најразлични специјалитети од богатата шведска маса и притоа да уживаат во прекрасниот поглед кој терасата на ресторанот го нуди.
Хотелот располага и со Медитерански, Отомански, Рибен, Мексикански и Азиски a la carte ресторан, како и со неколку бара во кои гостите може да се освежат со различни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Активности
надворешен базен за возрасни, надворешен базен за деца, внатрешен базен, внатрешен базен за деца, аква парк, спортови на вода, одбојка на плажа, куглана, кино, интернет кафе, соба за игри, жива музика, фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, мини клуб за деца од 4 до 12 години, паркинг.