MK | SQ

Crystal Admiral Resort 5* Side

Турција Сиде - од 24.09.2017 до 30.09.2017

Локација
Хотелот се наоѓа во туристичката зона во Сиде, оддалечен 13 км од Манавгат и 80 км од меѓународниот аеродром на Анталија.

Сместување
Гостите во хотелот имаат на располагање вкупно 834 соби, од кои: 
- 280 стандардни соби (28 m²; опремени се со: клима уред, телефон, LCD телевизор, мини-бар, сеф, купатило со сите потребни додатоци, балкон. Максимум капацитет 3 лица).
- 175 големи соби (30 м²; исти услови како и стандардните соби. Максимум капацитет 4 лица).
- 100 фамилијарни соби, тип 1 (32 м2; исти услови како и стандардните соби; со две спални соби – еден брачен кревет и два посебни кревети, два LCD телевизори. Максимум капацитет 4 лица.)
- 28 фамилијарни соби, тип 2 (38 м2; исти услови како и стандарните соби, со две одвоени спални соби – еден брачен кревет и два посебни кревети, два LCD телевизори. Максимум капацитет 4 лица).
- 7 соби за хендикепирани лица (28 м2. Максимум капацитет 3 лица)

Ресторани и барови
Главниот ресторан во хотелот има капацитет од 1250 места и во него гостите можат да уживаат во богата шведска маса со најразлични специјалитети. Хотелот располага и со 3 a la carte ресторани, како и со неколку барови каде што во текот на денот можат да уживаат во различни топли и ладни пијалоци.

Активности и услуги
4 надворешни базени, 2 внатрешни базени, фитнес центар, турска бања, спа центар, 2 тениски игралишта, одбојка на плажа, мини клуб (за деца од 4-9 години), junior клуб (за деца од 10-16 години), игралиште за деца, мини голф, библиотека, степ, аеробик, пикадо, мини фудбал, спортови на вода, пинг понг, менувачница, фото студио, салон за убавина, рент-а-кар, продавница за сувенири.

Листа на цени

standard land view - 938 € Резервирај