MK | SQ

Club Calimera Serra Palace 5* Side

Турција Сиде - од 19.07.2017 до 25.07.2017

Локација
Хотелот е отворен во 2004 год. и се наоѓа на површина од 45 000 м². Оддалечен е 19 км од центарот на Сиде и 85 км од меѓународниот аеродром во Анталија. 

Сместување
Хотелот располага со стандардни соби, фамилијарни соби (две одвоени спални соби), апартмани (две одвоени спални соби и дневна соба) и соби за лица со посебни потреби. Сите соби се опремени со централна климатизација, сеф, директен телефон, тоалет, бања (со када), фен за коса, мини бар, сателитска ТВ и балкон/тераса. 

Ресторани и барови
Во главниот ресторан, гостите имаат можност да пробаат најразлични специјалитети од богатата шведска маса.
Хотелот располага и со 3 a la carte ресторани: Отомански, Италијански и Рибен, во кои задолжителна е претходна резервација.

Активности
надворешен базен за возрасни, надворешен базен за деца, внатрешен базен, аква парк со 7 тобогани, пинг понг, пикадо, одбојка на плажа, тенис, игралишта за деца, аеробик, фитнес, турска бања, сауна, мини клуб (за деца од 4-12 год.), салон за убавина, продавница за сувенири, фотограф, мини диско.

Листа на цени

двокреветна соба - 1158 € Резервирај