MK | SQ

Нова Година во Венеција

Италија Венеција - од 29.12.2017 до 02.01.2018

Поаѓање: 29.12.2017.
Враќање: 02.01.2018. 

5 дена / 2 ноќи

Програма:

Ден 1: Скопје – Венеција
Поаѓање од Скопје на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14.30 часот. Патувањето продолжува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

Ден 2: Трст – Лидо ди Јесоло
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг. Во попладневните часови заминување за Palmanova Outlet шопинг центар, потоа заминување за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање

Ден 3: Венеција
Појадок. Факултативна посета со брод до магичните острови на венецијанската лагуна - Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, при што постои можност да купите прекрасни рачно изработени стаклени производи, традиционална венецијанска чипка и да ги видите малите рибарски куќи во прекрасни пастелни бои. После посетите на двата острова патот продолжува со брод до Венеција која веќе се подготвува за Дочек на Новата 2018 Година.Пристигнување и прошетка по плоштадот и црквата „Сан Марко“, како и Мостот на воздишките, каналот Гранде, Дуждевата палата... Можност да се почуствува магијата на Венеција во новогодишно издание. Дочек на Новата 2018 на плоштадот „Сан Марко“. Во договореното време враќање во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

Ден 4: Венеција - Верона
Појадок. Заминување за Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разгледување на Верона: плоштадите Бра, Ебре, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот... Во попладневните часови тргнување за Македонија. Ноќно возење. 

Ден 5: Скопје
Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:
За целосна уплата до 21.11 – 135 €
За уплата од 22.11 – 155 €


Во цената е вклучено: 
  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Лидo ди Јесоло
  • Разглед на градовите според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Карти за локален превоз (повратна бродска карта 15 евра)
  • Факултативен излет до островите Мурано и Бурано (30 евра)
  • Влезници во локалитетите
  • Патничко осигурување


НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5(пет) дена пред поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Листа на цени

двокреветна соба - 310 € Резервирај