MK | SQ

Москва

Русија Москва - од 14.02.2018 до 17.02.2018

14.02.2018 - 17.02.2018


1.ден: Белград - Москва 
Состанок на патниците на аеродромот “Никола Тесла” во 4.30 часот. Лет за Моква (JU 650) во 6.30 часот. Се слетува на аеродромот во Москва во 10.15 часот. Факултативно разгледување на Москва, еден од најстарите градови во Европа. Дваесетите години на минатиот век, Москва станала главен град на Советскиот Сојуз и од тогаш метропола, центар на Руската држава, на културата, на економијата, спортот. Многубројните културно-историски споменици се потврда за важноста на овој прекрасен град. Панорамско разгледување на градот со автобус: Црвениот плоштад - срцето на Москва и воедно почетна локација за обиколка на градот. Овде се наоѓа Лениновиот Мавзолеј, црквата на Свети Василиј и Кремљ. Бољшиј Тетарот е еден од најпознатите во светот. Прекрасната архитектура и совршениот уметнички програм се главните карактеристики на овој објект. Катедралата на Христос Спасителот е изградена во 1997 год. на местото на истоимената црква, која била срушена во време на владеењето на Сталин. Новодевичанскиот манастир е изграден во почетокот на 16 век и до ден денешен е во иста состојба. Паркот Горки – го добил името по Максим Горки е место каде се бега од градската гужва. Факултативен излет до Кремљ - најважното обележје на Москва.
Во рамките на Кремљ се наоѓа дворецот Терем, Грановитата палата, Успенската црква, црквата на Св.Михил, како и Мавзолејот на царевите.Тука се наоѓа и кулата Спаскаја, една од најубавите во цела Москва.Трансфер до хотелот. Сместување во хотелот после 13 часот. Ноќевање.

2. ден: Москва 
Појадок. Слободно време за индивидулно разгледување на градот или пак факулативна посета со метро до Царскиот Музеј. Овој преубав музеј и архитектурно здание асоцира на фасцинантните Виенски дворци како што е дворецот Шенбрун. Музејот на царицата на отворено е сместен во паркот на царицата, кој своето име го добил по царицата Ирина,сестра на Борис Годунов. Факултативно одење и враќање со метро во посета на државната галерија Третјаков – една од најголемите знаменитости на Москва. Уштe во 1892.година галеријата броела повеќе од 1360 слики,преку 500 цртежи и десетина скулптури на Руските уметници. Денес оваа галерија располага со над 130000 уметнички дела. Ноќевање.

3. ден: Москва
Појадок. Слободно време за индивидуално разгледување на грaдот или факултативно одење со автобус на полудневен излет за Сергеевиот имот, еден од најстарите и најголемите Руски манастири, центар на Руското православие и духовноста и бисер на древната Руска уметност и архитектура. Сергеевиот имот e и град во Русија на 70 км североисточно од Москва основан во 1742. год. Најголемиот дел го чини големиот манастир –Тројице Сергиева лавра, кој од 1993 год е на пописот на УНЕСКО – за заштитен споменик. Ова е споменик кој во првата половина на XIV век го основал Сергиј Радоњешки. Ова е бисерот на древноруската уметност и архитектура. Ноќевање.

4. ден: Москва - Белград
Појадок. Собите се напуштаат до 11 часот. Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативно со метро посета на музејот Панорама на Бородинската битка, посветена на војната со Наполеон во 1812 год. Главниот експонат на музејот е панорамата,огромно сликано платно со димензии 115x15м, кое виси во затворен круг и го претставува еден од најтешките моменти на битката на Бородинското поле.Музејот е реновиран и е отворен неодамна по повод јубилејната годишница 200 години од Бородинската битка.Трансфер до аеродром.Лет за Белград(JU 655)во 21.35. Се слетува во Белград во 23.30 часот.



Во цената е вклучено: 
  • авионски превоз на релација Белград - Москва - Белград
  • сместување во хотел со 3* “Ibis Moscow Dynamo”(агенцијата го задржува правото за промена на хотелот со иста категорија)
  • ноќевање со појадок
  • трансфери според програмата на патувањето
  • разгледи според програмата
  • услуги на водичот и трошоци за организација на програмата.

Во цената не е вклучено:
  • аеродромски такси (околу 159 evra)
  • градска такса која се плаќа на рецепција на хотелот
  • патничко здравствено осигурување
  • влезници за културно историските спомници
  • факултативни излети.


Факултативни излети:
  • Москва: Кремљ( 2 Соборни цркви и Оружаната палата) - 65 €
  • Сергеевиот Имот - 50 €
  • Панорамата на бородинската битка - 35 €.
  • Во цените е вклучено: водич, превоз според програмата на патувањето (автобус или метро), влезници.

НАПОМЕНА:
*Пријавување и плаќање на излетите задолжително е при уплата на аранжманот.
На лице место не е можно!
За реализација на овие излети потребно е најмалку 15 пријавени лица. (Во случај на помал број пријавени учесници за излетите можно е да се со корегирана цена).

ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА ПАТУВАЊЕТО
-Потребно е најмалку 20 патници за реализација на патувањето.

Листа на цени

double room - 578 € Резервирај